тексас | прид.
Што е изработен од тексас платно. Тексас палто. Тексас кошула.
Тексас | м.
Сојузна држава во САД.
текст | м.
Напишани или напечатени зборови, кои претставуваат содржина на една завршена целина (книга, ракопис, цитат, дијалог и сл.). Оригинални текстови. Драмски текст. Говорен и пишуван текст. Стручни и публицистички текстови.
текстил | м.
Општ назив за сите изработки од преѓа, добиени со ткаење и плетење; ткаенини.
текстилен | прид.
Што се однесува на текстил. Текстилна индустрија. Текстилна фабрика. Текстилни работници. Текстилни суровини.
текстилец | м.
Тој што работи во текстилна индустрија.
текстовен | прид.
Што припаѓа на текст. Текстовни одломки. Текстовни елементи. Текстовни структури.
текстолог | м.
Тој што се занимава со текстологија.
текстологија | ж.
Филолошка дисциплина што се занимава со објаснување, толкување и утврдување на историјата и автентичноста на литературните или научните текстови заради објавување и други проучувања.
текстолошки | прид.
Што се однесува на текст; текстуален. Текстолошки варијанти. Од текстолошка гледна точка. Текстолошка анализа. Текстолошко рамниште.