текија | ж.
теклиф | м.
Повик. Стори теклиф и тие дојдоа.
теклифи | св.
Повика. Го теклифил да одат на пазар.
текне | ср.
Корито, обично за месење леб.
текне | св.
Се сети, се присети на нешто подзаборавено. Дури сега му текна дека го остави вратничето отворено. Го знаеш сигурно, туку сега не може да ти текне. Така ми текна за животот мој и ми се разжали душата.
текнеж | м.
Желба, барање, каприц. Таа имаше несфатливи текнежи.
текнефес | прид.
Што има астма, задув; астматичен.
текнувало | ср.
Способност за брзо изнаоѓање на решение, досетливост. Има текнувало.
тековен | прид.
Што е во тек, што се одвива сега, што треба да се направи, да се реши сега; сегашен, современ. Тековна година. Тековни прашања. Тековна театарска критика.
текрар | прил.