текстописец | м.

Тој што пишува текст за музичко дело од областа на забавната или народната музика.

текстуален | прид.

Што се однесува на текст. Текстуална структура. Текстуална содржина. Текстуални извори. Текстуални варијанти. Текстуални знаци.

текстура 1 | ж.

Ткаење, начин на кој се преплетени нишките во ткаенината, ткаеж.

текстура 2 | ж.

Тоа што е видливо, што паѓа в очи како особено обележје, уочлив белег, внатрешен распоред во некоја структура, градба, во некој сложен состав. Површината е со различна текстура. Тие имаат еден длабински слој што не се открива веднаш во самата текстура на песната.

тектоника | ж.

Наука што се занимава со геолошката градба на Земјината кора и со промените на нејзината структура.

тек-тук | прил.

Овде-онде, на некои места, понекаде. Имаше тек-тук по некое облаче.

текушт | прид.

тел | м.

Тел Авив | м.

Главен град на Израел.

телал | м.

Гласник, службен објавувач на соопштенија; барабанџија. Се појави градскиот телал со барабанот. Општинскиот телал ги повика сите.