теле | ср.

Младо од крава.

теле- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење што се одвива од далечина, што се пренесува од далечина: телефон, телеграф, телескоп.

телевизиски | прид.

Што се однесува на телевизија, што е наменет за телевизија. Телевизиски приемник. Телевизиска антена.

телевизија | ж.

(обично во едн.) Предавање и примање, истовремен пренос на подвижни слики и звуци од далечина преку електрични сигнали. Гледаме филм на телевизија.

телевизор | м.

Апарат за примање на телевизиски сигнали и емитување слики и звук, телевизиски приемник. Телевизор во боја. Цел ден е пред телевизор.

телеграма | ж.

Соопштение предадено преку телеграф; депеша.

телеграф | м.

Систем од апарати за брзо предавање и примање на соопштенија од далечина.

телеграфира | св. и несв.

Испрати, испраќа телеграма.

телеграфист | м.

Тој што работи на телеграф.

телеграфија | ж.

Техника на брзо јавување на големи растојанија.