телеграфски | прид.

Што се однесува на телеграф. Телеграфска лента. Телеграфски кабел. Телеграфска служба.

теледиригира | несв.

Диригира, управува со нешто од далечина.

телекамера | ж.

Фотографска камера за снимање од далеку.

телекинеза | ж.

Способност за движење, преместување на предмети од далечина без непосредно дејствување.

телекоманда | ж.

Направа која служи за управување со некој апарат, објект од далечина.

телекомуникација | ж.

Гранка од техниката што се занимава со пренос на информации на делечина со помош на жици, електрична енергија или безжично преку радиобранови.

телекс | м.

Систем од телепринтерски машини преку кои се примаат и испраќаат соопштенија.

телеметар | м.

Електронски апарат за мерење на растојанието меѓу објектот и местото од каде што тој се набљудува.

телен | прид.

Што е изработен од тељ. Телена ограда. Телена мрежа.