телен | прид.
Што е изработен од тељ. Телена ограда. Телена мрежа.
теленга | ж.
теленгар | м.
телеобјектив | м.
Објектив со кој оддалечени предмети се снимаат како да се снимани одблизу.
телеологија | ж.
Религиско учење според кое сè во природата е организирано според однапред поставена цел, дека секој настан и постоење има своја цел; општа целесообразност.
телепат | м.
Тој што има способност за телепатија.
телепатија | ж.
Способност за примање и предавање мисли на далечина, за сознавање на туѓи мисли, чувства на далечина без посредство на сетилата.
телепринтер | м.
Телеграфски апарат, машина за пишување што служи за автоматско примање и предавање пишувани соопштенија на далечина.
телесен | прид.
Што припаѓа, што се однесува на тело. Телесна тежина. Телесен развој. Телесна градба. Телесен умор. Телесни казни. Телесна температура. Телесна рана. Телесен недостаток.
телескоп | м.
Оптичка направа за набљудување на небесните тела.