телефонира | св. и несв.
Јави, јавува, зборува по телефон. Треба само да ми телефонираш и ќе дојдам. Ќе ти телефонирам веднаш штом ќе пристигнам.
телефонист | м.
Тој што работи во телефонска централа и остварува телефонска врска меѓу корисниците.
телефонија | ж.
Систем од телефонски уреди за пренесување говор на далечина преку електрични сигнали или безжично.
телешки | прид.
Што се однесува на теле, што е од теле. Телешко месо. Телешки бут. Телешка кожа.
телешко | ср.
Месо од теле. Јадеше телешко со компири.
тели | несв.
За крава – раѓа теле.
тело | ср.
(физ.) Материја што исполнува определен дел од просторот, секој одделен материјален предмет во просторот. Гасовити тела. Слободен пад на телата.
телоп | м.
Неподвижна слика со испишан текст на екран.
телохранител | м.
Тој што чува, заштитува некое друго лице кое има висока општествена положба, јавна функција; личен чувар. Околу него се секогаш неговите телохранители.
телољубец | м.
Тој што води грижа, што го негува своето тело.