темнило | ср.
Длабок мрак, темнина. Куќата е празна, глува, во неа сè е темно темнило.
темнина | ж.
Отсуство на светлина, мрак. Во темнината на собата не можеше да ѝ го види лицето. Го гледав како се губи во темнината.
темница | ж.
Темнина, мрак. Во собата беше темница. Темница е, ништо не се гледа. По темница се врати дома.
темничав | прид.
Што е слабо осветлен, што е во полумрак. Тој погледна во темничавиот дел на колибата. Темничава ноќ.
темничар | м.
Тој што ги чува затворениците, чувар на темница.
темничен | прид.
Што се однесува на темница. Темничен затвор.
темничешки | прил.
По темница. Немој да одиш темничешки.
темничина | ж.
темно | ср.
Мрак, темница. Во темното под скалата ги нареди цепениците.
темно- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење: