темне | несв.
Темнее.
темнее | несв.
Станува темен, потемнува. Небото темнееше. Црвенилото на хоризонтот сè повеќе темнееше.
темни | несв.
темник | м.
Подземен ходник, поткоп.
темникав | прид.
Што е со позатворена, потемна боја. Темникава паларија. Темникава боја.
темнило | ср.
Длабок мрак, темнина. Куќата е празна, глува, во неа сè е темно темнило.
темнина | ж.
Отсуство на светлина, мрак. Во темнината на собата не можеше да ѝ го види лицето. Го гледав како се губи во темнината.
темница | ж.
Темнина, мрак. Во собата беше темница. Темница е, ништо не се гледа. По темница се врати дома.
темничав | прид.
Што е слабо осветлен, што е во полумрак. Тој погледна во темничавиот дел на колибата. Темничава ноќ.
темничар | м.
Тој што ги чува затворениците, чувар на темница.