темпиран | прид.

Глаголска придавка од темпира.

темпирен | прид.

Што има механизам за темпирање, што може да се темпира. Темпирна бомба. Темпирна направа.

темпо | ср.

Степен на брзина со која се врши некое дејство. Спикерот го забрзува темпото. Темпото на одот беше осетно смалено.

темпорален | прид.

Временски, што означува време. Темпорални реченици. Темпорални прилози. Темпорално значење. Темпорална релација.

темјан | м.

а) <BOTTANICS> Мирисно дрво што расте од источна Азија до источна Африка; Boswellia. б) Мирисна смола од такво дрво која се користи за кадење при верски обреди. Мириса на темјан.

темјаника | ж.

(бот.) Сорта на винова лоза со бело мирисно грозје.

темјанов | прид.

Што се однесува на темјан. Темјанов чад.

темјановина | ж.

Во изразот мириса темјановина – мириса на темјан.

темјаноса | св.

Окади со темјан.