темјануга | ж.
темјанугав | прид.
темјанушка | ж.
Полско цвеќе со виолетови или бели мирисливи цветови; синоличка; Viola odorata.
темјанушкав | прид.
Што е со боја на темјанушка; виолетов. Темјанушкава боја.
тен | м.
Боја на кожата, на лицето. Светол тен.
тенгало | ср.
тенда | ж.
Платнена или пластична натстрешница за заштита од сонце, дожд и сл.
тенденциозен | прид.
Што има, што содржи тенденција, што е направен со тенденција, со определена намера, цел; пресметан, со умисла. Тенденциозно однесување. Тенденциозен роман. Тенденциозно прашање. Тенденциозна вест.
тенденција | ж.
Склоност, стремеж кон нешто, намера, цел. Неговиот говор има јасна тенденција.
тендер | м.
Јавно лицитирање за прибирање понуди за извршување некаква работа, за набавка и др.