тендира | несв.
Покажува стремеж, склоност кон нешто, стреми, цели во определен правец. Песната тендира да ја заокружи поетската идеја.
тенекиен | прид.
Што е изработен од тенекија. Тенекиени садови. Тенекиен олук.
тенекија | ж.
Тенок лим, ламарина. 'Рѓосана тенекија.
Тенерифе | ср.
Најголемиот од Канарските Острови.
тенеќе | ср.
тенеќен | прид.
тенеќеџилница | ж.
Занаетчиска работилница за тенекиени производи.
тенеќеџиство | ср.
Тенеќеџиски занает.
тенеќеџија | м.
Занаетчија што изработува предмети од тенекија, лимар.
тензичен | прид.
Што е напрегнат, напнат. Тензична атмосфера. Тензична дискусија.