тензија | ж.

Напнатост, напрегнатост. Емотивна тензија. Драмска тензија. Се чувствуваше зголемена тензија во разговорот.

тенис | м.

Вид спортска игра со рекет и топче кое играчите го префрлаат преку оптегната мрежа во противничкото поле.

тенисер | м.

Спортист што се занимава со тенис, тој што игра тенис.

тенија | ж.

Долга глиста што живее како паризит во цревата на човекот или на некои животни; Taenia. Кучешка тенија. Свинска тенија.

тенк | м.

Воено оклопно возило со мал подвижен топ кое се движи со гасеници по различен терен.

тенкист | м.

Војник припадник на тенковска единица.

тенкичок | прид.

тенко | прил.

тенко- | претс.

Тенколик, тенконог, тенколист итн.

тенковски | прид.

Што се однесува на тенк, што е составен од тенкови, што се води со тенкови, што припаѓа на тенк. Тенковска битка. Тенковска дивизија. Тенковски гасеници.