тенкост | ж.
Детали, подробности. Не можат да се избројат сите нијанси и тенкости на нашата обноска. Тој учел како да навлезе до тенкости во тајните на јазикот и книгите.
тенок | прид.
тенор | м.
(муз.) Највисок машки пејачки глас.
тенорист | м.
тенчи | несв.
тенџере | ср.
Длабок сад со капак и две рачки од страните во кој се готват јадења. Одвреме-навреме ја промешуваше чорбата во тенџерето.
теодолит | м.
Геодетски инструмент за премерување на земјиштето кој најчесто се користи при изработка на топографски и катастарски карти.
теозоф | м.
Приврзаник на теозофија.
теозофија | ж.
Религиозно мистично учење засновано врз верувањето во можноста за интуитивно спознавање на Бога и човековата врска со него.
теозофски | прид.
Што се однесува на теозоф и на теозофија.