теократ | м.

Владар во теократија.

теократија | ж.

Државно уредување во кое црковниот поглавар или свештенството ја има и политичката власт.

теократски | прид.

Што се однесува на теократија и на теократ. Теократско владеење. Теократска држава.

теолог | м.

Тој што се занимава со теологија; богослов.

теорема | ж.

Научна вистина заснована врз определени претпоставки чија точност треба да се докаже; секое научно тврдење што може да се изведе од други веќе докажани ставови. Докажана теорема.

теоретизира | несв.

Изнесува теорија, се занимава со теоретски прашања, со теории.

теоретичар | м.

Тој што се занимава со теорија, со теоретски прашања во некоја научна област. Теоретичар на литературата.

теоретски | прид.

а) Што се однесува на теорија, што објаснува, разгледува прашања на теоријата, што се темели врз теорија. Теоретска расправа. Теоретска основа. Теоретска претпоставка. Теоретска физика. б) Што служи за воведување, за запознавање на теоријата. Теоретска настава. Теоретска спрема.