теориски | прид.
теорија | ж.
Систем од знаења за некоја појава или појави заснован врз научно проверени и докажани претпоставки, научно сознание засновано врз искуството и практиката што ги објаснува законитостите во развојот на природата и општеството. Научна теорија и практика. Тоа била револуционерна теорија во науката.
тепа | несв.
Нанесува удари, удира некого за да му предизвика болка. Војниците му се нафрлија и почнаа да го тепаат. Тој го тепаше крвнички.
тепаница | ж.
Меѓусебно удирање на две или повеќе лица при кавга, расправија; тепачка. Настана една тепаница во којашто не се гледа кој кого мава. Смирете се да не дојде до тепаница.
тепач | м.
Насилник, силеџија. Тој е најголем тепач во маалото.
тепачка | ж.
Меѓусебно удирање на две или повеќе лица при кавга, расправија; тепаница. Во дворот настана страшна тепачка.
тепање | ср.
Глаголска именка од тепа.
тепе | ср.
(арх.) Возвишение, ритче, брдо.
тепелак | м.
Тркалест сребрен филигрански украс што го носеле момите и невестите, пришиен на мало црвено капче.
теписон | м.
Фабрички произведена, обично од синтетички влакна подна простирка, која може да се сече и крои според димензијиите на просторијата, според намената.