термо- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење – што се однесува на топлина или на температура: термоизолација, терморегулација, термоцентрала.
термоакумулација | ж.
Собирање на топлинска енергија.
термоген | м.
Тело што произведува топлина. Тие се греат со термогени, со печки.
термоген | прид.
Што произведува топлина.
термогенератор | м.
Генератор што ја претвора топлинската енергија во електрична.
термограф | м.
Апарат за автоматско мерење и регистрирање на температурата на воздухот.
термодинамика | ж.
Дел од физиката што ја проучува топлинската енергија и нејзиното претворање во друг вид енергија.
термоелектрана | ж.
Електрична централа со погон врз база на топлотна енергија; термоцентрала.
термометар | м.
Направа за мерење температура; топломер. Живин термометар.
термонуклеарен | прид.
Што се однесува на топлина добиена како резултат од разбивање на атомските јадра. Термонуклеарна централа.