терморегулација | ж.
Регулирање на топлината со помош на автоматски уреди.
термос | м.
Специјално направен сад за одржување на постојана температура на течност или храна подолго време. Секој ден доаѓаше со својот термос полн жежок чај.
термостат | м.
Апарат кој преку автоматски регулатори ја одржува постојаната температура.
термотерапија | ж.
Лекување со топлина (топли бањи, топол воздух и сл.).
термофор | м.
Плоскат, обично гумен сад наполнет со топла вода кој служи за затоплување на делови од телото.
термоцентрала | ж.
Централа во која се произведува електрична енергија со помош на парни машини; електрична централа со погон врз база на топлотна енергија.
терор | м.
Систем на политичко угнетување со примена на насилство, прогонување, застрашување сè до физичко истребување. Фашистички терор.
тероризам | м.
Политика или метод на борба за постигнување политички цели со употреба на терор, вршење терор, тиранија.
тероризира | несв.
Врши терор, владее со застрашување и насилство.
терорист | м.
Тој што врши терор, што користи насилство за да ги постигне целите; приврзаник на тероризмот.