терма | ж.

Извор со топла вода; лековита топла бања.

термален | прид.

Што се однесува на топли изворски води. Термални извори. Термални бањи.

термика | ж.

Наука за топлината и за горењето.

термин | м.

Збор или израз што се користи како стручен назив за именување на определен поим во некоја научна област и во уметноста. Географски термини. Филозофски термин.

терминал | м.

а) Влезна или излезна станица, постојка во транспортниот сообраќај. б) Постојка за товарење и истовар на стоки.

терминатор | м.

Тој што ограничува.

терминологија | ж.

Севкупност од термини што се користат во определена научна област, во некоја струка или дејност (уметност, спорт итн.); номенклатура.

термински | прид.

Што се однесува на термин.

термити | и.

Вид тропски инсекти слични на мравките, што живеат во големи мравјалници и се хранат со дрвна маса; Termitidae.

термички | прид.

Што се однесува на топлина; топлински. Термичка изолација. Термичка обработка.