терористички | прид.
Што се однесува на тероризам и на терор. Терористичка организација. Терористички напад.
терпентин | м.
Течна смола од некои иглолисни дрвја.
терсана | ж.
Оружарница;
терсене | прид.
прид. За човек – што има тежок карактер, што е тежок за соработка. Тој е терсене човек.
тертип | м.
Начин, образец; ред, распоред. Таа работи по свој тертип. Му го знам јас тертипот.
терца | ж.
(муз.) а) Трет степен од дијатонската скала. б) Музички интервал од три степени.
терцет | м.
Музичка композиција за три гласа или три инструмента.
терцина | ж.
Строфа од три јампски стиха.
терцијар | м.
Трет геолошки период од развојот на Земјата.
терцијарен | прид.
Што се однесува на терцијар. Терцијарен слој.