Тесалија | ж.

Област во Грција.

тесен | прид.

Што има мала широчина; широк. Тесна улица. Тесен процеп. Тесни раменици. Тесни колкови.

тескере | ср.

Писмена дозвола за нешто, потврда, исправа. Носеше пушка без никакво тескере. Кај себе нема никакви документи, тескериња.

тесла 1 | ж.

Дрводелска алатка слична на секира, со сечило за делкање и тапа страна за ковење клинци.

тесла 2 | ж.

Единица мерка за магнетска индукција.

теслим | м.

Предавање во сопственост, откажување од нешто во полза на друг, отстапка. Еве ти ја пушката теслим. Нека ти се теслим.

теслими | св.

Предаде, отстапи. Му ја теслимија стоката на ќајата.

тесни | несв.

Прави нешто да стане тесно, стеснува. Таа ги тесни ногавиците на панталоните.

теснина | ж.

а) Тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни; клисура. На утоката од теснината се слушаат водениците. б) Тесен морски појас меѓу две копна; мореуз. Морска теснина.