тесничок | прид.
Што е малку потесен. Ракавите се теснички.
тесноград | прид.
Што има тесни гради.
теснолинејка | ж.
Вид железничка пруга со помало растојание меѓу шините. Врз теснолинејката профучи мала локомотива.
теснота | ж.
теснотија | ж.
Состојба на тоа што е тесно.
тест 1 | м.
Татко на сопругата во однос на нејзиниот сопруг;
тест 2 | м.
Научна метода, постапка за проверка, испитување, утврдување на некое својство, состојба и сл. Точна дијагноза се утврдува преку клинички тестови.
тестав | прид.
Што е како тесто.
тестамент | м.
Документ во кој определено лице изјавува што и кому остава во наследство; завештание.
тестаментар | м.
Извршител на тестамент.