тестаментарен | прид.

Што се однесува, што е содржан во тестамент.

тестатор | м.

Оставител на тестамент; завештател.

тесте | ср.

Збир од еднородни предмети. Во раката држеше тесте карти. Тој стави едно тесте пари на масата.

тестемел | м.

Крпа, пешкир; шамија.

тестен | прид.

Што се однесува на тесто, што е од тесто. Тестени производи.

тестенина | ж.

а) Прехранбени продукти од тесто (макарони, шпагети, фиде, кори и сл.). б) Јадење од тесто.

тестест | прид.

Што е како тесто.

тестикул | м.

Машка полова жлезда; тестис, маде.

тестир | м.

Дозвола, одобрување. Не можат да поминат без негов тестир.

тестира | св. и несв.

Подложи, подложува некого или нешто на тест, на испитување.