тестис | м.
Машка полова жлезда; маде.
тесто | ср.
Густа смеса од брашно замесено со вода. Киснато тесто. Исеа брашно и замеси тесто.
тестостерон | м.
Машки полов хормон.
тета | ж.
При фамилијарно обраќање кон тетка.
тетанија | ж.
Болест на нервите која се манифестира со силни грчеви во мускулите.
тетанус | м.
Акутна заразна болест што се развива при инфекција на рани и се манифестира со раздразливост на моторните центри и со грч на мускулите.
тетерав | прид.
Што е несигурен, нестабилен при одењето. Тетерав чекор.
тетерави се | несв.
Оди несигурно, тешко одржува рамнотежа. Сега веќе одвај чекори, се тетерави. Тие се тетеравеа по лигавите камења на реката.
тетива | ж.
Оптегната жица на лак. Го стегна лакот, ја оптегна тетивата и ја пушти стрелата.
тетин | м.
Маж на тетката.