тетин | прид.

Што припаѓа на тетка, тета.

тетинов | прид.

Што припаѓа на тетин.

тетка | ж.

Сестра на таткото или сестра на мајката. Тетка му живее во другиот дел од градот.

теткин | прид.

Што се однесува на тетка; што припаѓа на тетка.

тетоважа | ж.

Знаци, слики и сл. нацртани на човечко тело со помош на лесни убоди со игла натопена во боја.

тетовец | м.

Вид грав.

тетовира | св. и несв.

Направи, прави тетоважа.

тетовиран | прид.

Што е покриен со тетоважа. Тетовирани раце.

тетовка | ж.

Вид јаболко.

Тетово | ср.

Град во Македонија.