тетраедар | м.
Геометриско тело ограничено со четири рамнострани триаголници; четиристрана пирамида.
тетралогија | ж.
Четири литературни, музички, филмски или други дела поврзани во една целина.
тетрапак | м.
Картонска амбалажа што служи за пакување на течности (млеко, сок и сл.). Млеко во тетрапак.
тетратка | ж.
Подврзани во корици чисти листови за пишување и бележење. Празен лист од тетратка. Тетратка по краснопис. Школски тетратки.
тетреб | м.
Шумска птица од родот на кокошките; Tetrao.
теферич | м.
Излет во природа.
тефлон | м.
Трговски назив за посебен вид пластична маса отпорна на хемикалии и на ниски и високи температури.
тефтер | м.
(арх.) Голема подврзана тетратка, книга за евиденција на нешто. Беговски тефтери. Црковни тефтери.
Техеран | м.
Главен град на Иран.
техника | ж.
Област на човековата дејност која претставува збир од средствата на трудот, постапките и знаењата потребни за создавање на материјалните блага и за задоволување на материјалните потреби на човекот.