тилда | ж.

Извиена, хоризонтална цртичка додадена на буквата, дијакритички знак со кој се бележи мекост на некои согласки; симбол ~.

тилен | прид.

Што се однесува на тил1.

тилници | и.

Украси за на глава со накитени стари пари.

тим | м.

Група стручни луѓе формирана за работа врз некаков проект; работна група. Актерски тим. Тим од лекари. Стручни тимови.

тимар 1 | м.

Феудален имот.

тимар 2 | м.

Тимарење.

тимари | несв.

Чешла, чисти, негува коњ или друг добиток. Во коњушницата ги тимареа коњите. Тој ги тимарел младите грла.

тимба | ж.

Глава.

Тимбу | ср.

Главен град на Бутан.