Тиквешко Езеро | ср.

Вештачко езеро во Македонија.

тиквинка | ж.

Израсток од тиквата што го овозможува нејзиното лазење; ластунка. Млада тиквинка. Се заплеткале тиквинките во гравот.

тиквичка | ж.

(бот.) Дем. од тиква.

тиквовиден | прид.

Што има форма на тиква.

тиќе | ср.

<!CONVERS!> Гад, инсект, животинка. По трупот имало неброено тиќе. Шумско тиќе.

тикет | м.

Ливче хартија со квадратчиња, рубрики за внесување комбинации од бројки за спортска прогноза, игра на среќа и сл.

тики | сврз.

За поврзување делови и реченици со последователни дејства каде што второто е еден вид последица. Тие беа многу богати тики одеа на одмор и лете и зиме. Да си одиме одовде тики домашните не се дома.

тик-так! | изв.

За изговор и пишување на рамномерното чукање на часовникот.

тил 1 | м.

Задниот дел од главата. Коса на тилот. Нешто го жегна во тилот.