тимпан | м.

Музички удирачки инструмент; таламбас.

тимус | ж.

Градна жлезда што се наоѓа меѓу вратниот и градниот дел.

тинејџер | м.

Лице од 13-годишна до 19-годишна возраст.

тинејџерство | ср.

Возраста на тинејџер.

тинктура | ж.

Течен екстракт од растителна материја што се раствора во чист алкохол и служи како лек или како козметичко средство. Јодна тинктура. Тинктура од рузмарин.

тинтири-минтири | изв.

Како израз со значење празни муабети.

тип | м.

Подраздел во систематиката кој влегува во систематиката на повисокиот раздел ‒ род. Тип растенија.

типизација | ж.

Во производство ‒ подведување, сведување на разните видови и модели на некој производ на определен тип заради рационализација. Типизација на прехранбената индустрија.

типизира | св. и несв.

Изврши, врши типизација; оствари, остварува типизација. Народните анегдоти типизираат некои индивидуални недостатоци кај луѓето.

типик | м.

Зборник од три дела во кои се пропишани правилата, редоследот и начинот на изведувањето на црковните служби во текот на годината.