тиражен | прид.

Што се однесува на тираж.

тиран | м.

Тој што владее самоволно, со неограничена власт, насилнички, диктатор, деспот.

Тирана | ж.

Главен град на Албанија.

тиранизира | несв.

Тирански се однесува спрема некого, потиска, угнетува, измачува. Поробувачите го тиранизираа народот.

тиранија | ж.

Неограничена власт што се потпира на сила, диктатура, деспотизам. Султанска тиранија.

тиранствува | несв.

Владее како тиранин;

тире | ср.

Интерпункциски знак, црта.

Тиренско Море | ср.

Море во Европа, го опкружуваат Јужна Италија, Сицилија, Сардинија и Корзика.

тиркиз | м.

Полускапоцен камен со зеленикавосина боја.