тињоса се | св.
Се прекри со тиња. Се тињоса улицата.
тип | м.
Подраздел во систематиката кој влегува во систематиката на повисокиот раздел ‒ род. Тип растенија.
типизација | ж.
Во производство ‒ подведување, сведување на разните видови и модели на некој производ на определен тип заради рационализација. Типизација на прехранбената индустрија.
типизира | св. и несв.
Изврши, врши типизација; оствари, остварува типизација. Народните анегдоти типизираат некои индивидуални недостатоци кај луѓето.
типик | м.
Зборник од три дела во кои се пропишани правилата, редоследот и начинот на изведувањето на црковните служби во текот на годината.
типичен | прид.
Што содржи карактеристични особини, обележја на некаков тип предмети, појави, поими и сл. Типична градска куќа. Типичен малограѓанин. Типичен хуморист. Типична судбина. Типични карактери.
типка | ж.
типограф | м.
Графичар, печатар, слагач.
типографија | ж.
Печатење на текстови, книги и сл., печатарство.
типологија | ж.
Дисциплина што ги распределува предметите и појавите на некое истражување по типови според нивните главни карактеристики.