тиркизен | прид.
Што е од тиркиз, што е со тиркиз, што има боја на тиркиз. Тиркизен прстен. Тиркизно море.
тироиден | прид.
Во составот тироидна жлезда ‒ штитна жлезда.
Тирол | м.
Област во Италија и Австрија.
тиросда | ж.
Спореди со тироидна жлезда.
тиса | ж.
Зимзелено иглолисно дрво; Taxus boccata.
Тиса | ж.
Река во Војводина.
тиска | несв.
Бутка, турка. Се креваше на прсти и го тискаше човекот пред себе.
тисканица | ж.
Бутканица, турканица, мешаница, метеж. Празнична тисканица. Тисканица од патници со куфери. Пред судот тисканици.
тисов | прид.
Што се однесува на тиса, што е од тиса. Тисово дрво. Тисово столче.
титан 1 | м.
Во старо-грчката митологија ‒ гигант што стапувал во борба со боговите на Олимп.