титан 2 | м.

Хемиски елемент, сребреносив метал што се употребува во челичната индустрија; симбол Ti.

титанит | м.

Вид минерал.

титиз | м.

Скржавец. Тој е голем титиз, ништо не троши.

титка | ж.

Звучен сигнал на мобилен телефон кој намерно се прекинува од повикувачот како определен договорен знак со повикуваното лице.

титка | несв.

За мобилен телефон, компјутер и сл. ‒ испушта карактеристичен звук.

титла | ж.

Во старата писменост ‒ знак над местото на испуштена буква при скратено напишан збор или над буква кога таа означува број.

титлува | несв.

Става титла, означува со титла; титла 2. Преведува текст на филм со текст што се чита на екранот. Филмовите редовно ги титлуваат на македонски јазик.

Титов Врв | м.

Планински врв во Македонија.

титовка | ж.

Вид капа со црвена петокрака ѕвезда; партизанска капа, пионерска капа.

титула | ж.

Почесно звање со определен општествен статус. Баронска титула. Грофовска титула. Словенска титула кнез. Благороднички титули.