титулар | м.
Тој што е официјален носител на некоја сопственост, што дава име, номинален. Кој е титулар на општествената сопственост?
титуларен | прид.
Што се однесува на титулар, што му припаѓа на титулар; насловен.
титулира | св. и несв.
Даде, дава наслов.
тифус | м.
Паразитско заразно заболување што се манифестира со треска, силна главоболка и делириум.
тифусар | м.
Тој што е болен од тифус.
тифусен | прид.
Што се однесува, што е својствен за тифус. Тифусно заболување. Тифусна треска.
тих | прид.
Тих и сонлив шепот. Тих повев. Тиха реч. Тиха осаменост.Тихи самраци. Тихи водје.
Тихи Океан | м.
Океан, го опкружуваат Северна и Јужна Америка, Азија и Австралија.
тиши | несв.
Издишува, испушта воздух од нешто надуено, напумпано; . Децата ги тишеа балоните.
тишина | ж.
Отсуство на шум, состојба на молчење. Полноќна тишина. Улична тишина. Неговото длабоко дишење ја наруши тишината во манастирската соба. Радосен вик ја раскина тишината. Ве молам за тишина!