тишка | ж.

Птица.

тишлер | м.

Столар.

тишти | несв.

а) Чувствува слаба болка. Беше кожа и коски, но барем сега не го тиштеа градите. Раната го тиштеше. б) Предизвикува некаков притисок, грижа, мака. Маката го свиваше и долго го тиштеше. Тој знаеше што ја тишти мајка му.

тиња | ж.

Наталожен нанос од кал и многу ситен песок; мил. Речна тиња. Жолта тиња. Тиња од јазот.

тињест | прид.

Што е покриен со тиња; што содржи тиња. Тињест брег. Тињесто дно.

тињоса се | св.

Се прекри со тиња. Се тињоса улицата.

тињосан | прид.

Што е прекриен со тиња. Тињосан камен.

тиќе | ср.

<!CONVERS!> Гад, инсект, животинка. По трупот имало неброено тиќе. Шумско тиќе.

ткае | несв.

Изработува платно, килим, јамболлија, простирки и др. на разбој или на машина од конец, предено и сл. Жените предеа волна и ткаеја јамболлии. Невестата ткаеше на разбој.

ткаен | прид.

Што е изработен со ткаење. Ткаен килим. Ткаено бело платно. Ткаена волнена скутина.