ткаенина | ж.
Тоа што е ткаено на машина, ткаен материјал од различен конец или предено со определена ширина. Волнена ткаенина. Свилена ткаенина. Скапи ткаенини. Парче од ткаенина. Дуќан за ткаенини.
ткаеница | ж.
ткаенина. Костум од црна ткаеница. Турбан од фина ткаеница.
ткаење | ср.
Глаголска именка од ткае.
ткајач | м.
Тој што ткае.
ткајачница | ж.
Место, работилница каде што се ткае, фабричко одделение каде што се изработуваат ткаенини.
ткивен | прид.
Што се однесува на ткиво. Ткивен имунитет. Ткивна течност.
ткиво | ср.
Збир од клетки кои имаат исти морфолошки и физиолошки својства, заедничко потекло и иста функција. Животинско ткиво. Растителни ткива.
тлака | ж.
(арх.) Помош од собрани блиски луѓе во завршување на некоја, обично обемна селска, работа.
тланик | м.
Место покрај огништето во селска куќа. Децата седеа покрај тланикот.
тлаченица | ж.
Вид јадење од крупно иситнето свинско месо, масно ткиво и иситнети дробови, црева, чкембе и сл.