Того | ср.

Држава во Африка.

тозлуци | и.

Дебели доколеници што штитат од студ; објала.

ток | м.

тока 1 | ж.

Здравица, наздравување со чукнување на полни чаши.

тока 2 | ж.

Рамка или плочка од метал, пластика или друг материјал што служи за закопчување на колан, ремен. Кожени коланчиња со метални токи. Широк ремен со убава тока.

Токај | м.

Историски град во Северна Унгарија.

Токио | ср.

Главен град на Јапонија.

токмак | м.

Голем, тежок чекан за разбивање камења.

токми | несв.

Подготвува, дотерува. Девојките ја токмеа невестата. Домаќинката ја токмеше софрата за Бадник. Тој го токмеше коњот за натпревар.