товар | м.
Стока или тоа што е натоварено на товарно животно, превозно средство и сл. Збиваа маските под товарите борина. Камион со товар. Дигање огромни товари.
товара | несв.
товарач | м.
Тој што товари стоки и др.
товарен | прид.
Што се однесува на товар. Товарен добиток. Товарни трошоци.
товари | св. и несв.
Стави, става товар на добиток или во превозно средство. Селаните ги товарија коњите со дрва. Војниците товареа сандаци со оружје.
товарит | прид.
тога | ж.
(истор.) Горна машка облека, обично бела наметка префрлена преку левото рамо што ја носеле полнолетните граѓани во стариот Рим.
тога | прил.
тогаш | прил.
Во тоа време за кое се зборува. Тоа се зборуваше уште тогаш. Тогаш тој имаше дваесет години. Знам како ѝ беше на мајка ми тогаш.
тогашен | прид.
Што е од тоа време, што се однесува на определено време.