токмо | мод.
Баш, имено, точно. Се сретнале токмо овдека, во ова крчма. Токму еден век нè дели од тоа време. Сè ќе се заврши токму така. Токму тоа сакаше да каже.
токмоглав | прид.
За човек ‒ што е еднаков по раст со друг. Токмоглави деца. Помалата ќерка беше токмоглава со постарата.
токмоножечки | прил.
Начин на скокање, стоење и сл., со составени нозе, кога нозете се една покрај друга. Натпреварувачот стоеше токмоножечки пред стартот на вежбата.
токмонозе | прил.
токо | сврз.
токсикација | ж.
Труење од токсини. Хронична токсикација.
токсиколог | м.
Специјалист по токсикологија.
токсикологија | зам.
Наука што се занимава со проучување на отровите и со лекување од нивното влијание врз човечкиот органи
токсикоман | м.
Тој што е зависен од токсини.
токсикоманија | ж.
Силна, болна зависност од токсини и од наркотички дроги.