толмач | м.
Толкувач.
толмачи | несв.
толосум | м.
толпа | ж.
Множество, голема група луѓе, маса, народ. Толпа мажи и жени. Толпа гладни и бездомни деца. Тоа беше толпа бегалци, народ во паничен страв. Тој брзо го пробиваше патот низ толпата.
толстолобик | м.
Вид крупна слатководна риба со јак скелет, широка глава и дебело чело и со тело обложено со ситни крлушки; Hypophthalmichthys.
толчен | прид.
Глаголска придавка од толчи. Толчен лук. Толчена сол. Толчени пиперки.
толчи | несв.
Со удирање, со чукање ситни или гмечи нешто. Толчи магдонос и лук. Во аванот толчеше суви пиперки.
толчило | ср.
толчник | м.
Обично, дрвена направа со проширен долен дел за толчење во аван, лучница, каленица и др.
том | м.
Дел од книга, една книга од поголемо дело печатено во повеќе книги. Прв том од романот. Речник во три тома. Собраното дело на Марко Цепенков е објавено во повеќе томови.