толку | прил.
Во таа мера, во таа количина, во тој број. Колку ќе тежи, толку ќе платиш. Колку учиш, толку знаеш. Колку лета, толку години.
толкува | несв.
Дава толкување, објаснува значење, смисла на нешто. Во речникот се толкуваат одделни зборови и изрази. Потеклото на зборот најдобро го толкуваат етимолозите. Тој произволно го толкува законот.
толкувач | м.
Тој што толкува нешто.
толкугодишен | прид.
Што има толку години, што трае толку години.
толкумина | прил.
За мажи или за мажи и жени во група ‒ во толкав број. Толкумина сме, ќе ја завршиме работата. Како толкумина други и тој замина од селото.
толкунѕа | прил.
толкунѕав | прид.
толкупати | прил.
Многу често. Толкупати раскажуваше за борбата.
толкуцка | прил.
Во таа мера, толку малку. Дај ми барем толкуцка да каснам.
толкуцкав | прид.