томбак | м.

Легура од бакар и цинк.

томбаклија | прид.

Што е од томбак.

томбола | ж.

Вид игра на среќа со извлекување на нумерирани броеви од барабан.

томпус | м.

Куса дебела цигара.

тон 1 | м.

(муз.) Музички звук со определена височина.

тон 2 | ж.

Мера за маса од 1000 кг. Еден тон јаглен. Неколку тона грав. Тони грозје

тонажа | ж.

Масата на водата што ја истиснува пловен објект, изразена во тони.

тонален | прид.

Што се однесува на тон1 и на тоналитет.

тоналитет | м.

(муз.) Хармониска основа на композицијата; звучност, вид и природа на звукот, карактер на тонот.