топликав | прид.
Што не е многу топол. Топликав шал. Топликаво време. Топликави денови.
топлина | ж.
Својство или состојба на тоа што е топло.
топлинка | ж.
Затворена, топла, зимска обувка за по дома.
топлификација | ж.
Снабдување со топлинска енергија.
топлица | ж.
Природен извор на топла вода.
топличок | прид.
топловод | м.
Инсталација, систем од цевки за довод на топлинска енергија од водена пареа до одделни населби или одделни објекти.
топлокрвен | прид.
Што има природна особина да одржува постојана температура независно од температурата на средината во која се наоѓа. Топлокрвно животно.
топломер | м.
Направа за мерење телесна температура.
топлоок | прид.
Што има топли очи, топол поглед.