топилница | ж.
Работилница, фабрика за топење руди, метали и др. Градска топилница. Топилница на сребро. Топилници на оловна руда.
топилничар | м.
Тој што работи во топилница.
топилничарство | ср.
Топилничарска дејност.
топило | ср.
Место на река каде што се топи, потопува ленот и конопот. Конопни топила.
топка | ж.
(мат.) Геометриско тело со сферична форма на кое сите површински точки му се еднакво оддалечени од центарот.
топлана | ж.
Постројка за добивање водена пареа за загревање поголем број згради или за потребите на индустријата.
топлес | м.
Женски костим за капење без горен дел.
топли | несв.
Прави нешто да стане топло; загрева, затоплува. Таа топли вода на печката. Старецот ги топлеше нозете крај огништето.
топлив | прид.
Што може да се топи, што има својство на топење. Топлив осигурувач.
топлик | м.
Место изложено на сонце.