топлотен | прид.

Што се однесува на топлота. Топлотна енергија. Топлотно својство. Топлотни услови.

топовник | м.

Мал воен брод со топовско вооружување.

топовски | прид.

Што се однесува на топ. Топовски оган. Топовска стрелба.

топограф | м.

Специјалист по топографија.

топографија | ж.

Дел од геодезијата што се занимава со мерење на елементите на Земјината површина, со детално опишување и претставување на карти.

топографски | прид.

Што се однесува на топограф и на топографија. Топографски податок. Топографска мапа. Топографски знаци.

топол | прид.

а) Што има висока или многу висока температура; студен. Топол воздух. Топол ветер. Топла пепел. б) За храна и сл. – свеж, штотуку подготвен. Топол чај. Топол бурек. Топла погача. Топло млеко. Топли лебови.

топола | ж.

Вид листопадно дрво со тенка крошна што расте многу високо; Populus. Покрај реката имаше ред тополи извишени кон небото.

тополиште | ср.

Аугм. од топола.