укаса | св.
Обично за животно ‒ касне, направи рана со каснување. Козарчето змија го укасала. Кучето го укасало. Ме укаса лута змија
укач | м.
Назив за дервиш. Наоколу седат дервиши укачи.
укине | св.
За правен акт, работно место, установа и сл. ‒ стави надвор од употреба, од сила. Воениот совет ја укинал монархијата во државата. Народното собрание со закон ја укинало смртната казна. Во тие години полицијата го укинала списанието. Неговото работно место го укинале со најновата систематизација.
укинлив | прид.
Што може да се укине.
укит | м.
укне | св.
Испушти воздух со укање; Си укна на рацете. Тој гласно укна. И укна на ламбата и ја изгаси.
укнижи | св.
укоп | м.
укопа | св.
Гради нешто со ископување земја, под нивото на околината, 2. (воен.) Гради утврдување под нивото на околината, прави окоп, ров.
укор | м.
Искажана осуда на нечија постапка, неодобрување на нечие дејствување. Неговиот израз беше полн со укор и негодување. Укорите од свекрвата зачестиле.