ујгун | прид.
Што е погоден за нешто, згоден, добар, како што треба. Ујгун работа излезе. Многу ујгун му дојде со пазарот што го направи. Си го гледа ујгунот свој.
ујда-да-да! | изв.
Извик при терање, бркање некои животни (волк и др.).
ујдиса | св.
Погоди, стокми нешто. Ја ујдиса работата.
ујдурма | ж.
Сплетка, лукавство, подметнување, дволичност. Тоа е некоја негова ујдурма. Сите ујдурми тој ги правеше.
ујлија | прид.
За човек ‒ што е лут, нервозен, со лош карактер.
ука | несв.
Нагласено, силно издишува воздух низ устата (обично со некоја цел); уха. Тој укаше во рацете, зашто му беше студено. Девојчето ука на стаклото од прозорецот за да си го напише името.
ука | ж.
Наука, знаење, поука, совет. Да видам што ука ќе ме научиш. Уката ја продолжи во тамошната гимназија. Ова нека ти е за ука. Доста ни ги продаваш твоите уки.
укаже | св.
Покаже, обрне внимание на/за нешто. Судијата укажа дека барањето на одбраната е бесмислено. Татко ми секогаш ми укажува на грешките со најдобра намера.
указ | м.
Укажување, повелба на највисок орган на власта со сила на закон; декрет. Со указ на претседателот помилувани се некои затвореници. Тој е испратен на служба со указ на Министерството. Со указ на кралот десетина просветни инспектори се именувани за доживотно вршење на таа функција.
указание | ср.