ултимативен | прид.

Што е својствен за ултиматум, што содржи ултиматум. Ултимативно писмо. Ултимативен предлог.

ултиматум | м.

Во меѓународните односи ‒ барање проследено со закана во случај на неисполнување.

ултра- | претс.

Како прв дел од сложени зборови со значење дека тоа што е искажано во вториот дел се јавува во исклучително голема, во крајна или претерана мера или е над тоа, надвор од тоа што е означено со вториот дел: ултрареакционери, ултранационалист, ултразвук, ултрамодернист, ултравиолетов и др.

ултравиолетен | прид.

Во изразот ултравиолетови зраци со значење невидливи електромагнетни бранови со должина помала од брановата должина на светлосните зраци

ултрависок | прид.

Што е премногу, претерано висок. Ултрависоки фреквенции.

ултрадесница | ж.

Крајна десница, политичка партија со крајно реакционерно дејствување.

ултрадесничар | м.

Тој што ја поддржува ултрадесницата, член на ултрадесничарска партија.

ултразвук | м.

(физ.) Механички треперења на цврстите, течните и гасовитите тела кои со човечко уво не се слушаат. Лилјаците се движат со помош на ултразвук.

ултразвучен | прид.

Што се однесува на ултразвук.

ултраконзервативен | прид.

Крајно конзервативен.