улиште | ср.

Кошница со пчели. Улиштата беа поставени во малата градина со секакво цвеќе.

улка | ж.

Луда жена, жена со помрачен ум.

улов | м.

Вкупна количина на тоа што ќе се улови. Годишен улов на риби.

улови | св.

За животни, риби, птици ‒ фати во лов, живи или со отепување. Децата вчера уловиле еден крап. Ловецот уловил еден зајак. Тој уловил неколку пеперутки со својата мрежа.

улога | ж.

а) Личност, лик во сценско дело (драма, опера, балет, филм) интерпретиран од актер. Главна улога. Споредна улога. Епизодна улога. Тој ја игра главната улога во филмот. Улогата на Дездемона ја игра Мери Бошкова. Во насловната улога настапи Ацо Стефановски. Сите улоги ги играат мажи. б) Текст, зборови и сè она што ја сочинува интерпретацијата на еден лик во сценско дело. Актерите ги научија своите улоги за првата проба.

улогав | прид.

Што е сакат. Се влечкаше улогав без една нога. Остана улогав.

улогавец | м.

Сакат човек, човек со телесна мана. Улогавецот просеше пред црквата

улогори | св.

Смести во логор. Ги улогоривме борците.

уложје | ср.

Постелка по раѓањето на дете или на животно; 3, плацента. Падна и уложјето од неа.