умир | м.

Мир, смирување.

умира | несв.

Престанува да живее; умре Им умираа децата. Луѓето умираа секојдневно на фронтот.

умирачка | ж.

Време кога настапува смртта, смртен час; смрт, умирање. По умирачката на татко му сè се измени во неговиот живот. По умирачката моја што сака нека стане. Ја претчувствува блиската умирачка. Тој е на умирачка. На умирачка им ја кажал својата тајна.

умири | св.

Стивне, смири, успокои.

уми се | несв.

Се мисли, се премислува околу нешто. Што туку се умиш? Се чуди, се уми како да најде пари.

умисла | ж.

Свест и намера при извршување на нешто, најчесто нешто лошо. Тој тоа го кажа без умисла да се правда.

умислен | прид.

(дијал.) замислен Што си толку умислен.

умиште | ср.

Аугументатив од ум.

умник 1 | м.

Умен човек. Стариот умник немаше среќа со синот. Големите умници не можеле да смислат решение за проблемот.

умник 2 | м.

Краен катен заб што никнува во полнолетството.